• среда, 15 мај 2024

Инсиње летово ќе се пресели во Торонто, трансферот е договорен

Инсиње летово ќе се пресели во Торонто, трансферот е договорен
Неапол, 4 јануари 2022 (МИА) - Играчот од средниот ред на Наполи, Лоренцо Инсиње ќе се пресели во Торонто ова лето. Според инсајдерот Фабрицио Романо, 30-годишниот Италијанец одлучи да ја заврши сезоната во Наполи и да се пресели во Торонто како слободен играч. Инсиње се договорил за сите детали со канадскиот клуб. Договорот ќе трае до 2027 година. Претходно беше објавено дека Инсиње ќе заработи 15 милиони евра. Во тековната сезона 30-годишниот фудбалер одигра 15 натпревари во Серија А, постигна четири гола и направи пет асистенции. зс/

Остани поврзан