• вторник, 24 декември 2024

„Инклузива“ одржа две обуки за активно политичко учество на лица со попреченост

„Инклузива“ одржа две обуки за активно политичко учество на лица со попреченост

Куманово, 26 јули 2023 (МИА) - Здружение за промоција и развој на инклузивното општество „Инклузива“ од Куманово одржа две обуки за лицата со попреченост за активно и успешно политичко учество и лидерство, еднакво учество во донесување на одлуки на државно и локално ниво, соопштија денеска од „Инклузива“. По две обуки се одржаа во Куманово и Тетово и опфатија лица кои се слепи и лица кои се глуви лица,а втората обука ги опфати лицата со телесна и со интелектуална и попреченост.

- Тие самите ќе проценат дали нивните капацитети се доволно зајакнати да се вклучат во политиката. После политичките процеси во партиите, ги обучуваме и за активно политичко учество и во граѓанскиот сектор, тука се креирање на политики на граѓански организации, во учество во носење одлуки на локално и национално ниво, кога се подготвува гласање, стратегии, да бидат активни да учествуваат и да придонесат за оваа категорија луѓе, изјави Благица Димитровска од „Инклузива“.

Од здружението велат дека на обуките учествуваат млади луѓе што посебно ги радува како здружение. Во декември, годинава предвидена е и посета на Собранието, структурите, предвидени се и дебати со политичките партии и со локалните власти.

- Ние сакаме што поголема бројка на лица да има и затоа држиме обуки да ги мотивираме, да им ги објасниме демократските процеси кои треба да се спроведуваат во земјава. Ако станат политичари, треба да ги практикуваат и да не заборават дека и тие се луѓе и дека треба да работат во интерес на сите граѓани со посебен акцент за граѓаните со попреченост, изјави Димитровска. ам/ир

Фото: МИА

Остани поврзан