• недела, 19 мај 2024

Иницијатива во Ресен за формирање социјални претпријатија

Иницијатива во Ресен за формирање социјални претпријатија

Ресен, 9 февруари 2023 (МИА) - Општина Ресен почна постапка за разгледување иницијатива и можности за нејзина реализација за формирање социјални претпријатија во таа општина.

На првиот состанок со Барбара Садовска од Полска, тим лидер за социјални претпријатија, градоначалникот Јован Тозиевски и претставници на здружението „Иднина на Традицијата“  Ресен, како и директорката на локалниот центар на агенцијата за вработување во Ресен и претставници на Регионалниот центар за поддршка на претприемништвото, споделија информации за начинот на формирање на социјални претпријатија, информираа денеска од Општина Ресен.

-Анализиравме состојба, потреби и позициите на  категории на граѓани кои можат да бидат поддржани од постоечките субјекти, институции, граѓански организации и компании и сите тие заедно подржани од социјалните претпријатија  кои ќе претставуваат центри за  социјална и професионална реинтеграција. Првата  меѓусекторска средба  со различни учесници на која се споделија информации и искуства за формирањето на социјални претпријатија, заврши успешно, појаснуваат од Општина Ресен.

Формирањето на социјални претпријатија е новина во работењето на локалните самоуправи која може успешно да се реализира на примерот од социјалните претпријатија во Полска. мт/цр

Остани поврзан