• четврток, 07 ноември 2024

Иниеста казнет со милиони во Јапонија поради затајување данок

Иниеста казнет со милиони во Јапонија поради затајување данок

Кобе, 22 март 2024 (МИА) - Легендата на Барселона, Андрес Иниеста е казнет од даночните власти во Јапонија со 580 милиони јени, што е еднакво на околу 3,5 милиони евра, пренесува „АС“. 

Причината е што играчот од средниот ред, кој сега игра за клубот Емирати во ОАЕ, затаил данок од 5,2 милиони евра во врска со неговиот прв договор со јапонскиот клуб Висел Кобе во 2018 година.

Според локалните закони, фудбалерите кои играат за јапонските клубови се поделени во две даночни категории: резидентни и нерезидентни, при што последните се однесуваат на играчи чии договори се помалку од една и пол година и чии семејства не живеат со нив во земјата. Сепак, Иниеста спаѓа во категоријата жител бидејќи помина пет години во Јапонија до 2023 година и беше придружуван од неговото семејство. Затоа, поранешниот шпански интернационалец требал да плати данок во земјата на изгрејсонцето, но не го испочитувал овој закон.

Покрај Иниеста, со истото обвинение беа казнети уште двајца странски фудбалери: Јужнокорејецот Ким Џин-Хјун, кој играше за Серезо Осака во периодот од 2015 до 2020 година, како и Бразилецот Патрик, кој меѓу 2016 и 2021 година беше дел прво од Санфрече Хирошима, а потоа од Гамба Осака. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан