• понеделник, 22 јули 2024

Инзаги седна на клупата на Салернитана

Инзаги седна на клупата на Салернитана

Рим, 11 октомври 2023 (МИА) – Тренерска смена се случи на клупата на Салернитана, откако италијанскиот фудбалски прволигаш му врачи отказ на португалскиот стратег Пауло Соуса и на негово место го назначи Филипо „Пепе“ Инзаги.

Поранешниот португалски репрезентативец мораше да замине откако не успеа да забележи ниту една победа на стартот на италијанското првенство. На осум натпревари клубот од Салерно има ефект од три нерешени и пет порази, и се наоѓа на претпоследното место на табелата.

Неговиот наследник, 50-годишниот Инзаги, ќе дебитира на клупата на Инзаги на 22 октомври на домашен терен против Каљари.

Три години помладиот брат на Филипо, Симоне Инзаги, е тренер на милански Интер. ег/паг/

Фото: Х

Остани поврзан