Инзаги за ремито со Милан: Моите фудбалери беа неверојатни, надминавме многу пехови
- Тренерот на Интер, Симоне Инзаги им оддаде признание на неговите фудбалери кои синоќа одиграа 1:1 со Милан во градското дерби.

Милано, 3 февруари 2025 (МИА) – Тренерот на Интер, Симоне Инзаги им оддаде признание на неговите фудбалери кои синоќа одиграа 1:1 со Милан во градското дерби.
- Момците беа одлични, се справија со сè освен со лоша среќа. Надминавме многу пехови на овој натпревар. Имавме три стативи, три поништени гола, недосуден пенал за прекршок над Маркус Турам. Но и противникот одигра одлично и треба да му се честита. Ние го одигравме нашиот 17-ти натпревар за два месеци и им честитав на момците. Секогаш сакаме да победуваме и не дозволивме да се обесхрабриме од лошата среќа на овој натпревар, изјави тренерот на Интер за „Sky Sport Italia“.
Голот за Интер го постигна Стефан Де Врај во третата од петте судиски дополнителни минути.
Интер со 51 бод е втор на табелата во Серија А, додека Милан собра 35 бода и се наоѓа на 8. позиција. зс/
Фото: ЕПА