• среда, 02 октомври 2024

Инзаги го пофали Интер за настапот на натпреварот против Црвена ѕвезда

Инзаги го пофали Интер за настапот на натпреварот против Црвена ѕвезда

Милано, 2 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го пофали својот тим за синоќешната победа над Црвена ѕвезда (4:0) во натпреварот од 2. коло на Лигата на шампионите.

- Моите фудбалери завршија одлична работа против тим кој требаше да игра дефанзивно. Добро ја движевме топката и создававме шанси. Освен неколку контранапади и првите пет минути од вториот дел, сè мина во најдобар ред. Сакавме да победиме за да го зголемиме нашето бодовно салдо во Лигата на шампионите по првиот натпревар против Манчестер сити. Треба да се движиме во иста насока. Ги добив вистинските одговори на вистинските прашања, задоволен сум од тимот. Тареми и Арнаутовиќ даваат се на теренот, ги заслужуваат своите шанси и ги користат. Многу е добро кога добиваш таков одговор од фудбалерите, изјави Инзаги на официјалната веб-страница на УЕФА.

Интер се наоѓа на 5. место на табелата во Лигата на шампионите со 4 бода од два натпревара. 

Во следното коло тимот од Милано ќе игра на гости кај Јанг Бојс. зс/

Фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан