Индонезија и Кина ја продлабочуваат билатералната соработка
- Претседателот на Индонезија, Прабово Субианто на денешната средба со кинескиот премиер Ли Чијанг разговараа за проширување на соработката, раст на трговијата и за инвестиции во време на глобалната царинска војна со САД
Џакарта, 25 мај 2025 (МИА) – Претседателот на Индонезија, Прабово Субианто на денешната средба со кинескиот премиер Ли Чијанг разговараа за проширување на соработката, раст на трговијата и за инвестиции во време на глобалната царинска војна со САД.
Ли вчера пристигна во главниот град а Индонезија, Џакарта придружуван од 60 кинески бизнисмени, кои учествуваат на Индонезиско-кинескиот бизнис самит.
- Кина сака да го зајакне партнерството со Индонезија, посебно во пет клучни столбови: политика, економија, поморство, безбедност, културна и меѓучовечка соработка, посочи Ли.
Лидерите на двете земји потпишаа десетина договори, меѓу кои и договор за поттикнување на билатералните трансакции во локални валуту.
- Ова ќе донесе добро, не само за двете земји, туку и за цел азиски регион, наведе Субианто.
Ли, кој е во тридневна посета на најголемата економија во Југоисточна Азија, денеска ќе се сретне со пратениците од индонезискиот Парламент.
Кинескиот премиер утре ќе отпатува за Малезија, каде на 27 мај ќе учествува на Економскиот самит на АСЕАН-ГЦГ-Кина, на кој ќе присуствуваат лидерите од земјите на Југоисточна Азија и Советот за соработка во Персиски Залив. ми/
фото: ЕПА