• четврток, 15 мај 2025

Индија го затвора својот воздушен простор за авиони на пакистанските авиокомпании

Индија го затвора својот воздушен простор за авиони на пакистанските авиокомпании

Њу Делхи, 30 април 2025 (МИА) - Индија го затвори својот воздушен простор за авиони на пакистанските авиокомпании, јавија светските агенции, повикувајќи се на Известување до воздухопловците (NOTAM) издадено од индиската Влада. 

Исламабад презеде сличен чекор пред неколку дена против авионите на индиските авиокомпании, поради зголемените тензии меѓу двете земји по нападот во кој загинаа 26 лица во индискиот дел на Кашмир, за кој Њу Делхи го обвини Пакистан. 

Затворањето на воздушниот простор стапува на сила денеска и ќе трае до 23 мај, соопштија индиските власти. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан