Индиската армија соопшти дека синоќа не се пријавени инциденти во Џаму и Кашмир
- Индиската армија соопшти дека ситуацијата во сојузната држава Џаму и Кашмир синоќа првпат по неколку дена била мирна односно не се пријавени инциденти
Њу Делхи, 12 мај 2025 (МИА) – Индиската армија соопшти дека ситуацијата во сојузната држава Џаму и Кашмир синоќа првпат по неколку дена била мирна односно не се пријавени инциденти.
Индија и Пакистан минатата недела беа блиску до нова војна, со меѓусебни напади со беспилотни летала, артилериски оган и ракетни напади.
Индиски ракети минатата недела уништија цели на пакистанска територија, за кои се верува дека припаѓаат на џихадистичката група за која Њу Делхи се сомнева дека на 22 април уби 26 цивили во индискиот дел на Кашмир.
Пакистан возврати на нападот со што двете нуклеарни сили извршија серија напади и контранапади. ми/
фото: МИА архива