• понеделник, 23 декември 2024

Инвеститорски ден на Берзата - тргување со акции без провизии за домашните физички лица

Инвеститорски ден на Берзата - тргување со акции без провизии за домашните физички лица
Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - Македонската берза, денеска, го организира третиот по ред „Инвеститорски ден“, кога сите домашни физички лица можат да тргуваат на Берзата со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници. Како што информираат од Берзата, целта на настанот е промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава. -Оваа иницијатива ја прифатија и во неа активно се вклучија Централниот депозитар за хартии од вредност, сите десет членки на Берзата и ЦДХВ, а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност, наведуваат од Македонската берза со повик за инвестирање во домашни акции. Како што појаснуваат од МБ, на „Инвеститорскиот ден“ сите домашни физички лица ќе можат да купат или продадат кои било акции без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива, при што ќе треба да бидат исполнети следните услови: иИнвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот, со посредство на некоја од подолу наведените членки на Берзата, износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен и трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка. Сите десет членки на Берзата го поддржуваат „Инвеститорскиот ден“. Тоа се: Еурохаус АД Скопје, Илирика Инвестментс АД Скопје, Инвестброкер АД Скопје, Иново Брокер АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје, Фершпед брокер АД Скопје и Шпаркасе Банка АД Скопје. вг/са/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан