• четврток, 21 ноември 2024

Илиоски ќе се бори за злато на Европското кик бок првенство во Атина (Фото)

Илиоски ќе се бори за злато на Европското кик бок првенство во Атина (Фото)

Атина, 7 ноември 2024 (МИА) – Со нокаут пред крајот на првата рунда, македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски го заврши полуфиналниот меч на Европското сениорско првенство во Атина и обезбеди пласман во финалето за одбрана на шампионската титула и златниот медал од пред две години, јави дописничката на МИА од Атина.

Илиоски, во категоријата лоу кик до 86 килограми беше убедливо подобар од грчкиот репрезентативец Христос Филис и борбата ја реши уште пред да заврши првата рунда, откако при водство со 3-0 го нокаутираше противникот.

Финалето на македонскиот репрезентативец ќе биде утре или в сабота.

Нашата земја на Европското кикбокс првенство веќе има бронзен медал по пласманот на Стефан Михајловски во полуфиналето, кој во вчерашниот меч загуби од украинскиот репрезентативец Серхи Бабенко и не обезбеди финале.

Македонската репрезентација со петмина кикбоксери во машка и женска конкуренција ја предводи претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата Дејан Митровски, а во составот се Бобан Илиоски, Стефан Михајловски, Митко Ашкилов, Леа Бошевска и Андреа Костовска, тренерот Драган Атанасовски, како и Ирена Митровска секретарка во Федерацијата.

На Европското кикбокс првенство во Атина што трае до 10 ноември учествуваат 982 натпреварувачи со 1.133 натпреварувачи влеза од 41 држава. ср/

Фото: МИА

Остани поврзан