• петок, 17 мај 2024

Илиевски му ја честиташе победата на Димитриевски за градоначалничката позиција во Куманово

Илиевски му ја честиташе победата на Димитриевски за градоначалничката позиција во Куманово
Куманово, 31 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата за Куманово Оливер Илиевски на вечерашнава прес-конференција му ја честиташе победата на независниот кандидат Максим Димитриевски и посака градот да го води со повеќе инвестиции и проекти. Илиевски во изјавата за медиумите се заблагодари на граѓаните што излегоа на гласачките места и што процесот помина во фер и демократска атмосфера. Тој кажа дека се пребројани гласовите, но се неофицијални и се добиени од изборниот штаб на СДСМ. Порача уште еднаш Куманово да го управуваат со добри проекти и нагласи дека неговата програма им стои на располагање. Одговарајќи на новинарски прашања дали се прават комбинации за Советот на општина Куманово, Илиевски напомена дека Димитриевски заедно со коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ААА имаат 17 советника што е мнозинство во Советот на општината, но тоа ќе остане тие сами да си ја договараат коалицијата. ам/ац/

Остани поврзан