• петок, 20 декември 2024

Илиевски: ЕСЧП можеше и порано да се изјасни за жалбите, работата не е завршена

Илиевски: ЕСЧП можеше и порано да се изјасни за жалбите, работата не е завршена

Скопје, 16 февруари 2023 (МИА) – Адвокатот Влатко Илиевски, кој е застапник на обвинетите и осудените пред Европскиот суд за човекови парава во Стразбур, вели дека е зачуден зошто судот чекал толку долго за да се изјасни по жалбата за поништаната аболиција од поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

-Ме чуди тоа зошто на Судот за човекови права во Стразбур му требаше пет и пол години за да донесе вакво решение. Можеше многу побрзо да каже дека жалбите се недопуштени, односно дека се преуранети. Но она што е важно дека по оваа одлука нема простор за триумфализам кај Владата, бидејќи ова не значи дека аболицијата е прогласена за неважечка. Затоа кога за овие случаи ќе треба да се одлучува во втор и трет степен, домашните судови треба да ги земат во предвид агрументите кои ги наведовме во апликациите, вели Илиевски за „Фокус“.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур утрово објави дека жалбите на осудените и обвинетите од предметите што ги отвори Специјалното јавно обвинителство се недопуштени. Според Судот обвинетите и осудените не успеале да ги исцрпат домашните правни лекови пред да се жалат во Стразбур, односно секој случај требало прво да го помине на Апелација и Врховен, па потоа да стигне до Стразбур. дма/са/

Остани поврзан