Изјава на кандидатот за градоначалник на Струга, Димче Шипинкаровски

Струга, 17 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Општина Струга од СДСМ и колацијата „Најдоброто за мојата општина“ Димче Шипинкаровски денеска со семејството го оствари своето избирачко право.
Очекува фер и демократски избори во Струга.
- Денес е голем ден за демократијата и слободата. Јас и моето семејство го остваривме нашето загарантирано Уставно право. Очекувам во Струга да имаме фер и демократски успешни избори, изјави Шипинкаровски по гласањето. сс/цр/