• недела, 22 декември 2024

Изречени 18 санкции за непрописно вградени фолии

Изречени 18 санкции за непрописно вградени фолии
Скопје, 5 септември 2022 (МИА) -  Министерството за внатрешни работи од 29 август до 4 септември спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, при што санкционирани се 18 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. -Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението на МВР. дма/са/

Остани поврзан