• понеделник, 23 декември 2024

Изречени 92 санкции за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес

Изречени 92 санкции за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес
Скопје, 1 мај 2022 (МИА) - Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 92 возачи. Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.  Засилените акциски контроли, како што велат од МВР,  продолжуваат и во наредните денови и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта. дма/сст/

Остани поврзан