• недела, 01 септември 2024

Изречени 44 казни за брзо возење на територијата на СВР Велес

Изречени 44 казни за брзо возење на територијата на СВР Велес
Скопје, 30 јуни 2022 (МИА) -  Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на СВР Велес  за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, во текот на вчерашниот ден санкционирани се 44 возачи. Како што соопштија денеска од МВР, од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.дма/са/
 

Остани поврзан