• понеделник, 23 декември 2024

Изречени 42 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Изречени 42 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин
Скопје, 19 мај 2022 (МИА) - На територијата на Република Северна Македонија при спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи, санкционирани се 42 возачи. Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека продолжуваат со засилените акциски контроли и апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. - Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници, посочуваат од МВР.фф/

Остани поврзан