• среда, 15 мај 2024

Изречени 24 санкции за брзо возење на територија на СВР Штип

Изречени 24 санкции за брзо возење на територија на СВР Штип
Скопје, 13 јануари 2022 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден на територијата на СВР Штип спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 24 возачи. Од нив осум возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот. вг/

Остани поврзан