• понеделник, 23 декември 2024

Изречени 111 санкции за непрописно престигнување

Изречени 111 санкции за непрописно престигнување

Скопје, 18 декември 2023 (МИА) -  Во сообраќајна контрола вчера, во периодот од 10.00 до 15.00 часот,  на територијата на државава изречени се 111 санкции за непрописно престигнување.

Како што информираат денеска од МВР, од нив 40 биле на територијата на СВР Тетово, 21 на територија на СВР Битола, 19 на територија на СВР Охрид... За време на контролата санкционирани се и 222 други видови на прекршоци.

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан