• понеделник, 24 март 2025

Израел ќе формира канцеларија за доброволно заминување на Палестинците од Појасот Газа

Израел ќе формира канцеларија за доброволно заминување на Палестинците од Појасот Газа

Ерусалим, 23 март 2025 година (МИА) - Израелското Министерство за одбрана денеска соопшти дека ќе отвори специјална канцеларија со задача „да им овозможи на Палестинците доброволно да го напуштат Појасот Газа“.

Според Министерството, одобрен е план за канцеларија за „доброволно заминување на жителите на Газа во трета земја“, пренесува Бета.

Канцеларијата ќе биде под надлежност на Министерството за одбрана, но би можела да „соработува со меѓународните организации“ за да се „гарантира безбеден премин“ на жителите на Појасот Газа во други земји, се вели во соопштението, без да се прецизира за кои земји станува збор.

Министерот за одбрана Израел Кац рече дека предлогот е во согласност со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој кажа дека сака Палестинците доброволно да го напуштат Појасот Газа.

Ваквата одлука наиде на осуда од невладини организации во Израел.

Израелската невладината организација „Мир сега“ смета дека формирањето на таква канцеларија која „има задача да ги протера Палестинците од Газа“. 

- Со формирањето на таква канцеларија за протерување на Палестинците, Израел признава дека извршил воени злосторства, велат  од невладината организација.

Израелската војска ги продолжи воените операции во Појасот Газа во вторникот, прекршувајќи го прекинот на огнот што стапи во сила на 19 јануари на територијата на енклавата разурната од војна, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан