Израел купува од компанијата „Рафаел“ дополнителни орудија за својот ПВО „Железна купола“
- Израелското Министерство за одбрана денеска потпиша договор вреден неколку милијарди долари со производителот на оружје „Рафаел“ за проширување на сериското производство на системот за противвоздушна одбрана со краток дострел „Железна купола“.
Тел Авив, 20 ноември 2025 (МИА) - Израелското Министерство за одбрана денеска потпиша договор вреден неколку милијарди долари со производителот на оружје „Рафаел“ за проширување на сериското производство на системот за противвоздушна одбрана со краток дострел „Железна купола“.
Министерството наведува дека „Рафаел“ ќе испорача значителни количества од системот „Железна купола“, објавува „Тајмс оф Израел“.
Нарачката ја потпиша генералниот секретар на Министерството за одбрана, Амир Барам, по „сеопфатни преговори“ меѓу Министерството и „Рафаел“.
Средствата за набавка на „Железна купола“ доаѓаат од пакетот американска помош за Израел во вредност од 8,7 милијарди долари, што беше одобрен од Конгресот на САД во април 2024 година.
Според извештаите, од тој пакет, 5,2 милијарди долари се наменети за зајакнување на системите за противвоздушна одбрана на Израел.
„Железната купола“ е најниското ниво на заштита во повеќеслојниот израелски систем за противвоздушна одбрана што од 2011 година досега има соборено десетици илјади ракети, минофрлачки гранати и дронови лансирани кон Израел, главно во војната што Израел ја води во Појасот Газа.сд/са/
фото:МИА архива