• понеделник, 23 декември 2024

Израелски медиуми: Нетанјаху се залага за „доброволна миграција“ на Палестинците

Израелски медиуми: Нетанјаху се залага за „доброволна миграција“ на Палестинците

Тел Авив, 26 декември 2023 (МИА)- Израелски медиуми  објавија дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се залага за планови за спроведување на „доброволна миграција“ на Палестинците од Газа во други земји.

Според израелскиот весник „Хајом“, Нетанјаху ова го изјавил за време на затворена парламентарна седница со претставници на неговата владејачка партија Ликуд. - Наш проблем се земјите кои се подготвени да ги примат и работиме на тоа, наводно рекол тој.

Дени Данон од партијата Ликуд за време на седницата рече дека има земји кои всушност го покренале ова прашање, вклучително и канадскиот министер за имиграција Марк Милер и поранешната амбасадорка на САД во ОН Ники Хејли. Т

ој додаде дека Израел мора да формира комитет за следење на ова прашање за да се осигура дека секој што сака да се пресели во трета земја може да го стори тоа.

Во неколку наврати, САД, арапските и европските земји изразија силно противење на наметнување на каква било форма на „присилна миграција“ на Палестинците во Газа. Палестинската страна, вклучително и Палестинската управа и групата Хамас, се уште не ги коментираа овие наводи. ссм/

фото: архива

Остани поврзан