• четврток, 26 декември 2024

Израелски војници убиле двајца Палестинци на Западниот Брег

Израелски војници убиле двајца Палестинци на Западниот Брег
Ерусалим, 2 јуни 2022 (МИА) – Израелските сили денеска убија еден Палестинец за време на конфликтот на окупираниот Западен Брег и еден во близина на граничната бариера подигната кон таа палестинска територија. Вкупно четворица Палестинци се убиени во последните два дена во услови на зголемени тензии меѓу двете нации. Денеска прво е убиен Ајман Мхајсен (29) во бегалски камп во Витлеем, соопшти палестинското Министерство за здравство. Во военото соопштение се вели дека војниците отвориле оган врз Палестинци кои фрлале камења и импровизирани бомби. Министерството за здравство подоцна соопшти дека загинало и 17-годишно момче западно од Рамала, седиштето на палестинската управа. Израелската војска не одговори на барањата за коментар за убиството, а официјалната палестинска новинска агенција Вафа објави дека е убиен Ауда Садака. јт/

Остани поврзан