Израелските ултраортодоксни партии се закануваат со напуштање на владината коалиција ако се регрутираат Хареди
- Израелските ултраортодоксни партии се закануваат дека ќе излезат од владејачката коалиција доколку се применат мерки на принуда против ултраортодоксните Евреи, Харедите, кои избегнуваат регрутација, јави израелскиот јавен сервис Кан.
Тел Авив, 13 мај 2025 (МИА) – Израелските ултраортодоксни партии се закануваат дека ќе излезат од владејачката коалиција доколку се применат мерки на принуда против ултраортодоксните Евреи, Харедите, кои избегнуваат регрутација, јави израелскиот јавен сервис Кан.
Во извештајот се вели дека високи ултраортодоксни политички функционери го известиле израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека опсежна принудна операција против ултраортодоксните Евреи кои избегнуваат регрутација може да доведе до „моментална оставка“ на членовите на ултраортодоксните партии.
Партиите Шас и УТЈ би морале да ја напуштат владата за да ја урнат коалицијата на Нетанјаху, пренесе Тајмс оф Израел.
Истовремено, израелската војска соопшти дека претстојната кампања за апсење на осомничените за игнорирање на налозите за регрутација ќе биде рутинска операција која се одвива неколку пати годишно, по секој период на регрутација. Функционерите наведуваат дека воената полиција ќе апси бегалци од сите делови на општеството, а не само ултраортодоксни Евреи. јт/
Фото: ИДФ на Х