• недела, 22 декември 2024

Израелските ловци извршија воздушен напад врз сирискиот аеродром во Алепо

Израелските ловци извршија воздушен напад врз сирискиот аеродром во Алепо

Алепо, 28 август 2023 (МИА) - Израелските воздухопловни сили рано утринава по локално време извршиле ракетен напад врз меѓународниот аеродром во Алепо.

По нападот аеродром е надвор од употреба, се додава во соопштението на сириското Министерство за одбрана, пренесено од агенцијата САНА.

„Израелскиот противник изврши нова агресивна акција против Сирија и изврши ракетен напад врз меѓународниот аеродром во Алепо во 04:30 часот. Како резултат на тоа, пистата е оштетена и причинета е материјална штета“, се наведува во соопштението.

Според сириското Министерство за одбрана, авионите летале од правец на Средоземното Море.

„Нема жртви во нападот на израелските авиони, што дошле од правец на Средоземното Море“, додаде државната агенција, повикувајќи се на воен претставник.

Ова е трет пат годинава аеродромот во Алепо да биде затворен поради израелски воздушни напади. На 7 март, по првиот израелски напад, аеродромот беше затворен повеќе од две недели. 

И на 5 мај, во израелски воздушен напад оштетената беше пистата и аеродромот беше надвор од употреба неколку дена. сд/

фото;МИА архива

Остани поврзан