• недела, 22 декември 2024

Израелските власти принудија Палестинец да ја урна сопствената куќа во Источен Ерусалим

Израелските власти принудија Палестинец да ја урна сопствената куќа во Источен Ерусалим

Ерусалим, 8 септември 2024 (МИА) - Израелските власти го принудија палестинскиот жител Раед ал-Раџаби од населбата Беит Ханини, во Источен Ерусалим, да ја урне својата куќа во која живееја повеќе од 10 членови на неговото семејство.

Причината за уривањето на куќата, која била изградена во 2014 година, е тоа дека немал градежна дозвола. Проблемот е во тоа што  израелските власти редовно одбиваат на Палестинците да им издадат градежни дозволи. Во случај на нелегална градба, како што се најголемиот дел, Палестинците се принудени сами да ги уриваат своите домови или ќе се соочат со драконски парични казни.

Според израелската група за човекови права B'Tselem, 101 зграда биле урнати во источен Ерусалим помеѓу мај и јули 2024 година, оставајќи 137 Палестинци, вклучувајќи 70 малолетни лица, без покрив над главата. ссм/

фото: Википедија

Остани поврзан