• четврток, 14 ноември 2024

Израелските власти ги прекинуваат сите врски со Појасот Газа и ги протеруваат Палестинците вработени во Израел

Израелските власти ги прекинуваат сите врски со Појасот Газа и ги протеруваат Палестинците вработени во Израел

Ерусалим, 3 ноември 2023 (МИА) - Израелските власти ќе ги вратат во опколениот Појас Газа сите Палестинци кои работат во Израел, јавија денеска официјални лица.

„Израел ги прекинува сите контакти со Газа. Нема да има повеќе палестински работници од Газа“, беше објавено доцна синоќа во соопштението на безбедносниот кабинет на израелската Влада.

Оттаму е наведено и дека Израел ќе престане да обезбедува средства за Палестинската управа наменети за Појасот Газа.

Иако Хамас насилно ја презеде контролата врз Газа во 2007 година од Палестинската управа, во која доминира ривалската фракција Фатах, оваа управа продолжи да плаќа десетици илјади државни службеници во енклавата.

Врз основа на привремените мировни договори од 1990-тите, Израел собира пари од царина и даноци во име на Палестинците и тие пари секој месец и ги исплаќа на Палестинската управа.

Одлуката на израелскиот безбедносен кабинет ќе ја казни Палестинската управа, на која и недостасуваат пари за да продолжи да плаќа плати на јавните службеници во Газа.

Американските медиуми го пренесуваат и делот од соопштението на безбедносниот кабинет во кое се кажува дека ќе се укинат и работните дозволи во Израел за околу 18.000 Палестинци од Газа.

Во сиромашниот Појас Газа, невработеноста е околу 50 отсто, а работните места во Израел се исклучително барани. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан