• вторник, 05 ноември 2024

Израелскиот премиер Нетанјаху утре ќе биде отпуштен од болница

Израелскиот премиер Нетанјаху утре ќе биде отпуштен од болница

Ерусалим, 1 април 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утре попладне ќе биде пуштен од болница по операцијата на хернија, се вели во соопштението на неговиот кабинет.

Соопштението се повикува на лекарите кои го лекуваат Нетанјаху.

„Премиерот се чувствува многу добро и продолжува да ги извршува секојдневните обврски од болницата“, се вели во соопштението.

Претходно, медицинскиот центар „Хадаса“ во Ерусалим соопшти дека Нетанјаху бил свесен и разговарал со своето семејство по успешната операција денеска и дека се опоравува. Нема информации за тоа колку долго може да потрае опоравувањето. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан