• среда, 03 јули 2024

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант наскоро ќе го посети Пентагон

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант наскоро ќе го посети Пентагон

Вашингтон, 16 јуни 2024 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант наскоро ќе го посети Пентагон, пренесоа француските медиуми, цитирајќи го портпаролот на одделот Пет Рајдер.

Точниот датум на посетата ќе биде објавен. Целта на посетата се разговори меѓу Галант и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во врска со војната во Појасот Газа.

Владата на американскиот претседател Џо Бајден бара прекин на огнот во Газа.

Војната во енклавата започна по невидениот напад на палестинското исламистичко движење „Хамас“ против Израел на 7 октомври минатата година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан