• четврток, 04 декември 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

Ерусалим, 1 октомври 2025 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ, или ќе бидат „сметани за терористи“.

-Ова е последна шанса за жителите на Газа кои сакаат да се преселат на југ и да ги остават терористите на Хамас изолирани во Газа, изјави Кац, цитиран од израелските медиуми, додека израелската армија ги интензивираше своите операции во градот.

Кац додаде дека оние што ќе останат во Газа ќе се сметаат за „терористи и поддржувачи на тероризмот“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан