• недела, 23 март 2025

Израелскиот Врховен суд го суспендираше разрешувањето на директорот на Шин Бет

Израелскиот Врховен суд го суспендираше разрешувањето на директорот на Шин Бет

Ерусалим, 21 март 2025 (МИА) – Врховниот суд во Израел денеска ја суспендираше одлуката на Владата за разрешување на директорот на израелската безбедносна агенција Шин Бет.

Судот донесе времена забрана, што ќе остане во сила сè додека не се одржи рочиште за ова прашање. Тоа треба да се случи најдоцна до 8 април, кога треба да поднесе оставка од функцијата Ронен Бар.

Неколку групи, вклучително и опозициски политичари, поднесоа претставки до судот против владината одлука.

Владата на Израел го одобри контроверзното разрешување на директорот на Шин Бет и покрај масовните протести. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан