• среда, 22 јануари 2025

Израелската опозиција го повика Нетанјаху да го следи примерот на началникот на војската и да поднесе оставка

Израелската опозиција го повика Нетанјаху да го следи примерот на началникот на војската и да поднесе оставка

Тел Авив, 21 јануари 2025 (МИА) - Лидерот на партијата „Израел наш дом“, Авигдор Либерман, денеска, по оставката на шефот на израелските одбранбени сили, генерал полковникот Херзи Халеви, го повикува премиерот и другите членови на владата да преземат одговорност и „да го следат“.

-Благодарам Херзи, Нетанјаху сега тебе ти е редот, рече лидерот на партијата Демократи,  Јаир Голан.

Лидерот на партијата Национална унија и самиот поранешен началник  на израелската армија, Бени Ганц, рече дека Халеви е пред сè воин, кој цел живот се борел за земјата.

„Началникот на Генералштабот е одговорен за воените неуспеси што доведоа до катастрофата на 7 октомври, но, исто така, е одговорен и за огромното зацврстување на ИДФ“, објави Ганц на платформата X, додавајќи дека ја презел одговорноста од првиот момент и покажал на бојното поле и сега ја покажува својата јавна одговорност на респектабилен начин.

Ганц повика на формирање државна истражна комисија за 7 октомври 2023 година и да јае води државата Израел на избори за да се формира влада која ќе може да ја врати довербата на јавноста.

Нетанјаху телефонски разговараше со Халеви откако ја објави оставката за да му се заблагодари за долгата служба во земјата.

Министерот за финансии на Израел Безалел Смотрич од ултрадневната партија Религиозен ционизам оцени дека новата команда на ИДФ мора да биде подготвена да ја продолжи војната до целосна победа.

Тој ја поздрави оставката на Халеви и го пофали за децениската служба, вклучително и како што рече, „големите воени достигнувања на сите фронтови“ за време на последната војна, иако го критикуваше дека не ја уништил способноста на Хамас да владее.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан