Израелската затворска служба соопшти дека 39 Палестинци се ослободени со договорот за примирје
- Израелската затворска служба соопшти дека 39 палестински затвореници биле ослободени денеска според условите на договорот за примирје меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

Тел Авив, 26 ноември 2023 (МИА) - Израелската затворска служба соопшти дека 39 палестински затвореници биле ослободени денеска според условите на договорот за примирје меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.
Соопштението дојде откако 13 израелски заложници беа ослободени на палестинската територија според договорот, заедно со тројца Тајланѓани и еден човек со двојно - руско-израелско - државјанство. зш/