• четврток, 26 март 2026

Израелската војска тврди дека убила еден од командантите на Хезболах во Либан

Израелската војска тврди дека убила еден од командантите на Хезболах во Либан

Ерусалим, 14 мај 2025 (МИА) - Израелската армија денеска објави дека „елиминирала“ еден од командантите на проиранското движење Хезболах во јужен Либан, каде што локалните власти соопштија дека едно лице е убиено во напад со беспилотно летало врз автомобил.

„Израелската армија изврши напад во регионот Какајат ел-Џиср во јужен Либан, елиминирајќи го (локалниот) командант на Хезболах“, се наведува во соопштението на ИДФ.

Либанското Министерство за здравство објави дека едно лице е убиено во израелски напад со беспилотно летало врз автомобил.

Нападот е извршен и покрај прекинот на огнот со кој на 27 ноември заврши двомесечната војна меѓу проиранското движење Хезболах и Израел.

На почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, по нападот на палестинското движење Хамас врз Израел, Хезболах отвори фронт против Израел со испукување ракети од јужен Либан, во поддршка на својот палестински сојузник.

Овие непријателства ескалираа во отворена војна во септември 2024 година со интензивно израелско бомбардирање во Либан, главно против упориштата на Хезболах, чие раководство беше десеткувано. Во таа војна загинаа повеќе од 4.000 лица.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан