• понеделник, 20 мај 2024

Израелската војска соопшти дека во Газа пронашла појаси со експлозив со детска големина

Израелската војска соопшти дека во Газа пронашла појаси со експлозив со детска големина

Тел Авив, 24 декември 2023 (МИА) - Израелската армија соопшти дека пронашла појаси со експлозив наменети за деца во складиште за оружје на палестинското исламистичко движење „Хамас“ во Појасот Газа, јави ДПА.

Според војската, магацинот се наоѓал во станбена зграда во северниот дел на палестинската енклава, во близина на училишта, џамија и болница. Во него се пронајдени десетици минофрлачи и стотици други проектили, како и разузнавачки документи.

Израелските вооружени сили соопштија дека во текот на изминатите 24 часа нападнале околу 200 цели во Појасот Газа по копно, воздух и море, при што, како што велат, биле убиени голем број терористи.

Војниците, исто така, пронашле десетици гранати, експлозиви и друго оружје во градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан