• вторник, 10 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Израелската војска останува во Газа, Либан и Сирија

Израелската војска останува во Газа, Либан и Сирија

Тел Авив, 16 април 2025 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека израелските војници ќе останат на неодредено време во таканаречените безбедносни зони во Појасот Газа, Либан и Сирија.

-За разлика од минатото, израелската армија нема да се евакуира од областите што се исчистени и заземени. Армијата ќе остане во безбедносните зони како тампон меѓу непријателот и израелската заедница во секоја привремена или постојана ситуација во Газа, како во Либан и Сирија, рече Кац, пренесуваат израелските медиуми.

Израелските сили зазедоа големи области на Газа во последниве недели во обновената воена кампања во Појасот Газа, откако го прекршија прекинот на огнот минатиот месец.

Израел, исто така, одби да се повлече од некои области во Либан по прекинот на огнот со милитантната група Хезболах минатата година, а окупираше тампон зона во јужна Сирија по соборувањето на претседателот Башар Асад. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан