• четврток, 26 март 2026

Израелската армија привела неколку припадници на Хамас во Сирија

Израелската армија привела неколку припадници на Хамас во Сирија

Тел Авив, 12 јуни 2025 (МИА) – Израелската армија соопшти дека во операција во јужниот дел на Сирија привела неколку членови на Хамас, кои подготвувале напади врз Израел.

Сириските власти сè уште не потврдиле израелски упад на сириска територија.

Од падот на режимот на Башар ал Асад во декември 2024 година, Израел изврши стотици напади на сириска територија и распореди сили во демилитаризираната тампон-зона на Голанска Висорамнина помеѓу двете земји. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан