• сабота, 19 април 2025

Израелската армија пресретна две ракети истрелани од Појасот Газа

Израелската армија пресретна две ракети истрелани од Појасот Газа

Тел Авив, 21 март 2025 (МИА) – Израелската армија соопшти дела пресретнала две ракети истрелани од северниот дел на Појасот Газа.

Непосредно пред нападот се огласиле сирените за тревога во Ашкелон, град во близина на границата со Појасот Газа.

Тоа е втор напад откако Израел го прекина примирјето и на 17 март ја бомбардираше палестинската енклава, при што загинаа стотици луѓе. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан