• четврток, 26 март 2026

Израелската армија нареди евакуација на поголем дел од градот Рафа

Израелската армија нареди евакуација на поголем дел од градот Рафа

Тел Авив, 31 март 2025 (МИА) – Израелската армија денеска издаде наредба за евакуација на поголем дел од јужниот град Рафа во Појасот Газа.

По израелскиот напад од мај минатата година, поголем дел од Рафа е во урнатини.

Израелските безбедносни сили ја зазедоа стратешки тампон-зоната долж границата со Египет, во близина на Рафа и не се повлекоа, како што е предвидено се договорот за прекин на огнот, со образложение дека спречуваат шверц на оружје. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан