• четврток, 26 март 2026

Израелската армија нападна цели на Хезболах во Либан

Израелската армија нападна цели на Хезболах во Либан

Ерусалим, 8 мај 2025 (МИА) – Израелската армија (ИДФ) соопшти дека извршила воздушен напад врз јужниот дел на Либан, а цел била инфраструктурата на Хезболах.

При нападот погоден е објект во близина на замокот Бофорт, што според ИДФ го користел Хезболах.

Погодени се терористи, оружје и тунелски окна, наведе ИДФ, додавајќи оти објектот и активностите што се спроведуваат таму претставуваат очигледно кршење на договорите меѓу Израел и Либан. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан