• четврток, 25 декември 2025

Изместување на коритото на Црна Река, загрозен локалниот пат кон село Трстеник 

Изместување на коритото на Црна Река, загрозен локалниот пат кон село Трстеник 

Росоман, 23 декември 2025 (МИА) - Локалниот пат кон росоманското село Трстеник е загрозен поради изместување на коритото на Црна Река, информираше денеска градоначалникот на Општина Росоман, Ѓорѓи Крстевски.

Во изјава за МИА, Крстевски посочи дека состојбата е сериозна и бара итна реакција од надлежните институции. 

- Заедно со директорот на АД Водостопанство Тиквеш и директорот на ЈПКД Росоман, сме на терен на Црна Река, на патниот правец кон село Трстеник, каде што е забележано загрозување на локалниот пат, напиша Крстевски на Фејсбук. 

Притоа додаде дека состојбата е евидентирана и веднаш ќе бидат известени Центарот за управување со кризи, АД Водостопанство и Министерството за животна средина, со цел навремено да се преземат мерки и да се спречи настанување на поголема штета. свд/дма/


Фото: Фејсбук на градоначалникот Крстевски

Остани поврзан