• петок, 10 мај 2024

Изменет режим на сообраќај на патниот правец Кичево – Охрид, од Песочан до Врбјани

Изменет режим на сообраќај на патниот правец Кичево – Охрид, од Песочан до Врбјани

Скопје, 31 март 2023 (МИА) - На патниот правец Кичево – Охрид, од Песочан до Врбјани, денеска околу 16:00 часот ќе има изменет режим на сообраќај. Поставена е соодветна сигнализација.

Од АМСМ информираат дека поради асфалтирање, делницата Велес - Градско (делот од с. Виничани до Винарија Стоби) од 30.03.2023 година до 01.04.2023 година ќе биде затворена за сообраќај од 08:00 до 16:00 часот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. цр/аа/

Фото:МИА

Остани поврзан