Изложба „Три приказни“ - посветена на Бернхард Холеман
- Во Изложбениот салон на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вечер во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Три приказни“ – во чест на австрискиот уметник Бернхард Холеман (1935–2020).
Скопје, 12 јуни 2025 (МИА) - Во Изложбениот салон на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вечер во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Три приказни“ – во чест на австрискиот уметник Бернхард Холеман (1935–2020).
Изложбата е организирана од Асоцијацијата за култура ИКОН, во соработка со МАНУ, и ќе прикаже дела кои Холеман ги создавал во Македонија, групирани во три тематски циклуси: „Богомолки“ – инспирирано од симболиката на инсектот богомолка, „Во слава на виното“ – омаж на виното како културен и духовен симбол и „Свети Наум како ликовен сон“ – инспирација од манастирскиот простор на Охрид.
-Ретроспективата нуди можност публиката да се запознае со уметност што го поврзува природното, човековото и трансценденталното. Холеман преку своите дела успева да го отслика културниот дијалог меѓу Австрија и Македонија, оставајќи значаен белег на европската уметничка сцена, се наведува во најавата за изложбата која за јавноста ќе биде отворена во текот на јуни.ар/хс/
Фото:ИКОН