• четврток, 26 декември 2024

Изложба „Реминисценции“ на Марјан Ѕингаров во КИЦ на РСМ во Софија

Изложба „Реминисценции“ на Марјан Ѕингаров во КИЦ на РСМ во Софија

Скопје, 7 март 2023 (МИА) - Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија (КИЦ) денеска ќе биде отворена ликовната изложба „Реминисценции“, составена од сликарски дела на Марјан Ѕингаров, повеќегодишен соработник и пријател на КИЦ на РСМ во Софија.

На изложбата, како што најавија од Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, авторот го претставува својот последен циклус од сликарски дела. Сликите се изработени на платно со комбинирана техника и употреба акрилни бои.

Марјан Ѕингаров е роден 1976 година во Струмица. Дипломирал во 2002 г. и магистрирал во 2005 г. на Националната Ликовна Академија во Софија, Бугарија.

Има реализирано девет самостојни изложби во Северна Македонија, Бугарија и Романија. Учесник на групни изложби во Северна Македонија, Бугарија, Грција, Србија, САД, Англија, Шпанија, Швајцарија, Италија, Полска, Чешка, Романија.

Носител е на Годишната награда на Општина Струмица, Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици за 2022, за особен придонес во областа на културата и уметноста.

Носител е на Втората награда на Четврти меѓународен конкурс за апстрактна уметност "21 х 21" 2022 на Галерија CUBE во Софија.цр/лв/

Фото: Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Софија

Остани поврзан