• четврток, 26 март 2026

Изложба „Осончена тишина“ на Александра Костадиновска отворена во Центарот на култура во Делчево

Изложба „Осончена тишина“ на Александра Костадиновска отворена во Центарот на култура во Делчево

Делчево, 17 септември 2025 (МИА) - Во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево денеска е отворена ликовната изложба „Осончена тишина“. Изложбата се состои од авторски фотографски дела на Александра Костадиновска за кои имаше голем интерес кај љубителите на фотографијата и уметноста.

-Фотографската серија ја прикажува интимната визија на авторката низ европски простори, каде што светлината е претставена како жива материја и симбол на нови почетоци. Преку внимателно избрани кадри, Костадиновска создава визуелно патување исполнето со тишина и хармонија, кое ги води посетителите кон нови доживувања и толкувања, истакна на отворањето на изложбата директорот на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, Златко Начовски.

Настанот е во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево и претставува уште еден значаен културен настан во календарот на институцијата, со цел промоција на современите уметнички изрази и младите автори.

Изложбата се реализира во рамките на проектот МУЗЕУМ ЛИНК и ќе може да се посети секој работен ден до 29 септември. вс/рп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан