• понеделник, 23 декември 2024

Изложба „На чија страна си? За неврзаната деколонијална констелација“

Изложба „На чија страна си? За неврзаната деколонијална констелација“
Скопје, 24 ноември 2022 (МИА) - Во Фоајето на Македонска опера и балет денеска ќе биде отворена изложбата „На чија страна си? За неврзаната деколонијална констелација“. Кураторки на изложбата се Бојана Пишкур и Ивана Васева. Изложбата ќе биде отворена до 16 декември. Учесници во изложбата се  Дан Акостиоаеј, Архивски материјали од Неврзаното движење, Ѓорѓе Балмазовиќ, Ѓуверовиќ (таа/неа), Емилија Епштајн, Ана Кнежевиќ, Музеј на африканска уметност, Белград, Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков, Синиша Илиќ, „Картографија на меѓународните соработки во културата на СФР Југославија со земјите во развој“ (Теја Мерхар) , КУРС, Лабораторија на неврзаната уметничка колекција (Марина Челебиќ, Анита Чулафиќ, Нада Баковиќ и Наталија Вујошевиќ), Подгорица ,Борко Лазески, Музеј на солидарноста Салвадор Аљенде, Сантиаго, Даринка Поп Митиќ, Дубравка Секулиќ, Ивана Сиџимовска, Хјун Сук Сео, Светска галерија на карикатури, Скопје, Мила Турајлиќ. Дизајнот на изложбата е на Ивана Васева и Филип Јовановски во соработка со Димитар Милев, Тамара Џерков, Сандра Николовска. Изложбата „На чија страна си? За неврзаната деколонијална констелација“ планира да направи скок во времето. Таа го поврзува сегашното глобално геополитичко преструктуирање предизвикано од војната во Украина со наследството на Движењето на неврзаните во неговите основни принципи – антиколонијализмот и (транс)националната солидарност, и повикува одново на радикална реинвенција на светот и уметноста во него. Парафразирајќи го размислувањето на Франц Фанон кое го пренесува Хоми К. Баба, „На чија страна си?“, што е всушност едно од горливите прашања пред деколонијалните земји во контекст на Студената војна, оваа изложба сега сака да го постави прашањето – На чија страна сме, всушност, кога ќе одлучиме да заземеме страна и позиција, политички и културолошки? Понатаму, како тоа се манифестира денес врз животот на луѓето? И што можеме да научиме од овие одлуки во минатото?. см/сп/

Остани поврзан