• петок, 05 декември 2025

Изложба на фотографии „Фото приказна“ во Уметничката галерија Куманово

Изложба на фотографии „Фото приказна“ во Уметничката галерија Куманово

Куманово, 29 октомври 2025 (МИА) - Кумановци вечерва со почеток во 19:30 часот во Уметничката галерија ќе имаат можност да ги разгледаат делата од меѓународната изложба „Фото приказна“. Изложбата ја организира Фото клуб Куманово.

- Под покровителство на клубот, изложбата ги обединува четириесетина врвни фотографи од различни земји, кои преку своите дела откриваат светови исполнети со светлина, сенка и човечка емоција. Фотографиите се натпреваруваа во повеќе категории, носејќи различни визии и авторски пристапи, од документарна прецизност до поетска апстракција. Селекторите, внимателно ја избираа секоја фотографија што ќе го најде своето место на ѕидовите на оваа изложба, изјави, претседателката на клубот, Марина Атанасовиќ.

Публиката ќе има можност да разгледа збирка што ја претставува суштината на современата фотографија. Од клубот додаваат дека „Фото приказна“ не е само натпревар, туку патување низ визиите на уметниците, низ нивните лични светови и култури што се спојуваат во една заедничка, универзалната приказна на светлината. ам/дма/


Фото: Плакат

Остани поврзан