• вторник, 25 јуни 2024

Изложба на фотографии од Бобан Китановски во салон Империјал 2

Изложба на фотографии од Бобан Китановски во салон Империјал 2

Скопје, 21 март 2024 (МИА) - Во Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2, вечерва од 20 часот ќе се одржи изложба на фотографии од Бобан Китановски.

На изложбата која е во рамките на осумгодишнината од одржувањето на планинарскиот предизвик „12 Врвови“ на Планинарскиот клуб „Трансферзалец“, ќе бидат изложени 30 одбрани фотографии сликани од планинарот - Бобан Китановски, чиј објектив и фотоапарат редовно ги овековечуваат искачувањата, чекорите и уживањата на врвовите и планините во Македонија. 

На овој настан ќе биде претставено и второто подобрено издание на книгата „Планински врвови во Македонија“ од Марио Шаревски, збирка на податоци за 61 планински врв искачени во првото петолетие на предизвикот со додаток за Првата - Западна Македонска Трансверзала и бројни мапи од планинарските патеки. 

Изложбата ќе биде отворена со поздравен говор од претседателот на Федерацијата за планинарски спортови на Македонија - ФПСМ, Зоран Читкушев. ар/мд/

Фото: КИЦ

Остани поврзан